СВЕТСКАТА ЛЕГЕНДА – ЖАК ПРЕВЕР, ПОЕТОТ ОД ПАРИЗ

Жак Превер е истакнат француски поет, претставник на надреализмот и симболизмот. Роден на 4 февруари 1900 година во Неи на Сена, преDivian Artsдградие на Париз. Анархист, одметник и сонувач, Превер во својата хуманистички ангажирана лирика зборува за животот во различните негови аспекти.

Умрел на 77-годишна возраст.

Попознати негови дела се стихозбирките: „Зборови“ (1945); „Спектакли“ (1951); „Дождот и убавото време“ (1955); „Куп од разни нешта“ (1966); „И други работи“ (1972) и др.

Можеби најпознататите негови песни се „Барбара“ и “За тебе љубов моја”

„Барбара“

Се сеќаваш ли Барбара

Врнеше без престан

Врз Брест тој ден

А ти одеше насмеана

Наврната зрачна маѓепсана

Под крупните капки на дождот

Сети се Барбара

Те сретив во улицата Сијам

Се смееше

И јас се смеев

Се сеќаваш ли Барбара

Не те познавав

Ниту ти мене

Се сеќаваш ли

Се сеќаваш ли на тој ден

И не го заборавај

Еден човек в некој порти

Засолнет

Го викна твоето име

Барбара

А ти отрча кон него низ дождот

Наврната зрачна маѓепсана

И му се фрли в преграб

Се сеќаваш ли Барбара

Не се лути што ти велам ти

Оти ти му велам на секој што го сакам

Па макар само еднаш да сум го видел во животот

Оти ти му велам на секој што го сакам

Па дури и да не го познавам

Се сеќаваш ли Барбара

И никогаш не заборавај го

Тој дожд толку благ и среќен

Врз твоето среќно лице

Врз тој среќен град

Тој дожд врз морето

Врз арсеналот

Врз бродот од Цесан

Ох Барбара

Свинштина е оваа војна

И што е со тебе сега

Под дожд од железо

Оган челик и крв

А оној што те стегаше в преграб

Вљубено

Дали умре го снема или е уште жив

Оф Барбара

Сѐ уште врне врз Брест

Како што врнеше некогаш

Но не е исто оти сѐ е урнато

Тоа се само посмртни капки дожд

Ужасни и очајни

А не е ниту оној потоп веќе

Од железо челик и крв

Туку просто дожд од облаците

Кои ги снемува како пци

Како пци кои ги носи

Водената струја од Брест

Да изгнијат некаде далеку

Многу далеку од Брест

Од кој ништо не останало

За тебе љубов моја

Отидов на пазарот за птици
и купив птица
за тебе
љубов моја
отидов на пазарот за цвеќиња
и купив цвеќе
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за железо
и купив окови
за тебе
љубов моја
Отидов на пазарот за робови
и те барав тебе
но не те најдов таму
љубов моја.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 Најдобри гарсониери во светот!
Следна објаваБисерите на Марија Антоанета на аукција во “Sotheby””!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР