Некогаш само  живописно мексиканско рибарско село, Пуерто Ваљарта сега е главната дестинација за одмори, позната по својата пријатна клима, тропски плажи и пејзажи …

Многу години ги шармира туристите кои доаѓаат секоја година во поголен број, а е идеално за пешачење, шопинг, сончање, пиење текила и многу повеќе.

Пуерто Ваљарта се наоѓа каде планината Сиера Медреа се сретнува со заливот Бандерас, така што ќе имате можност да уживате во спектакуларниот поглед на синилото на заливот, со зелени планини покриени со палми во позадината. Но, тоа е само почеток.

Playa Mismaloya е причината зошто Пуерто Ваљарта сега е популарно место. Тука е снимен филмот на Џон Хјустон од 1964 година “Ноќта на игуаната”, а неговите фанови и актери, како и поставата на акциониот филм од 80-тите години, Предатор со Арнолд Шварценегер, често ја посетуваат оваа плажа заради нејзиниот шарм, чиста вода и мир.

Како и со другите крајбрежните дестинации, нуркањето тука е неверојатно.

Романтичната зона на овој град е најстариот и најгустиот дел на Пуерто Ваљарта, а содржи бројни ресторани, кафулиња, уметнички пазари и  дизајнерски бутици. Овој дел од градот има само свој шармантен амбиент, со изобилие на разни додатоци кои ќе ви го привлечат вниманието.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВнесете морска атмосфера во домот!
Следна објаваДизајн: Bloom Easy – фотеља во форма на цвет!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР