Без разлика дали ќе ја декорирате вашата куќа на море или едноставно сакате да ја внесете летната атмосферата на плажа во вашиот дом, постојат многу лесни и убави начини да се постигне тоа …

Не мора да се одлучувате за старите решенија како што се корално / тиркизни комбинации на бои, морски суштества и слични нешта, наместо тоа обидете се со современи опции кои ќе му дадат визуелна привлечност на вашиот ентериерот.

Заборавите на морските шеми на бои – белата е повторно во мода.

Белите ѕидови секогаш претставуваат добро решение за било кој дом, во кои внесуваат освежувачки изглед. Ведрата појава на белата боја, обезбедува пространост во просторот и го прави визуелно поголем.

Разгледајте уште неколку неутрални бои за да додадете поатрактивен изглед или да се определите за плетени елементи и дрвените детали.

Плетен мебел
Познато е дека плетениот мебел е многу популарен за екстериерите, но за да создадете чувство на плажа и морска атмосфера во своите домови, слободно додадете такви парчиња.

Поставете неколку плетени елементи на мебел околу трпезариската маса, додадете неколку корпи или кутии од истиот стил за складирање на предмети, заедно со плетените пачиња во дневната и спалната соба, а истовремено можете да се обидете и со плетени лустери.

Галериски sид со морски пејсажи

Можете да најдете одредени уметнички дела инспирирани од крајбрежјето, морето и плажите. Исто така, можете да креирате сами, едноставно направете галериски ѕид, кој ќе изврши иста задача на многу поефикасен начин. Искористете неколку лични фотографии од вашата омилена плажа, која ја посетувате за време на летувањето, создавајќи со нив релаксирачки галериски ѕидови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајн: Лавабоа инспирирани од грамофони!
Следна објаваПатување: Пуерто Ваљарта – тропски рај во кој секој ќе се вљуби!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР