Кога велиме Европа и островите, најверојатно првата асоцијација ви се: Киклади во Грција, Ибица во Шпанија, Сицилија во Италија.

Европа, како една од најпопуларните туристички дестинации во светот, има многу различни острови – од оние пошумени до голи и карпесто-вулкански.

За среќа, се уште има скриени острови кои сè полни со бујно зеленило, со сцени како да избегале од некои импресионистички слики.

Овие неколку острови во Европа имаат атмосфера како да сте на Бали или Малдиви.

Ла Гомера, Шпанија
Ако се прашувате како изгледа рајот на земјата, одговорот е Ла Гомера. Кога ќе стапнете на ова острово, сфаќате дека всушност се наоѓате во голема ботаничка градина покрај морето. Му припада на Канарските острови и е второ најмало острово на овој архипелаг.

 

Тука времето како да застанало. Кога ќе фрлите поглед од некое повисоко место на островото кое се наоѓа пред вас, делува како да гледате преку калеидоскоп на бои. Под вас се наоѓа интензивно зелен и фрагментиран свет на џиновски палми, лисја од банани, огромни папрати и црвени афиони. Заради нив, Атлантскиот Океан се чини како да се протега во бесконечност. Можеби токму во еден момент ќе пролета покрај вас пеперутката Клеопатра, со жолти криља и розови точки.

 

Острови Сили, Англија
Се прашувате како е можно во Англија да има место со толку многу сонце и атмосфера како во тропските предели?

Isles of Scilly, претставува архипелаг од 145 острови во Келтското море, на 45 км југозападно од брегот на Корнвол. Токму овие острови се наоѓаат на најниската точка на Англија, па затоа палмите и тиркизно море таму е сосема вообичаен пејсаж.

 

Благодарение на локацијата и придобивките на топлите голфски струи, водата тука е секогаш потопла како и температурата на воздухот. Поради релативно влажната клима тука растат тропски билки и растенија. Од Корнвол можете да најмите брод за да ги откриете овие фантастични острови.

 

Мадеира, Португалија
Зборувајќи за извонредно убави туристички дестинации, вулканскиот архипелаг во Португалија, Мадеира, исто така е наш фаворит. Тоа што овој архипелаг го чини единствен е разновидноста.

Архипелагот се состои, покрај главното острово, од уште неколку помали: Порту Санту и два ненаселени Дезерташ и Селваженш. Поради благата клима и воздухот кој е вистински бенефит за душата и телото, овие острови го добија името “Вечна пролет”.

Тука бананите растат на градските улици, а разновидните бујни растенија од сите облици и бои не оставаат никого рамнодушен. Во секое време на годината на островото цветаат орхидеи, кали, хортензии, магнолии, азалеи …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Следна објаваУникатен Jaquet Droz часовник од 1.05 милиони долари!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР