Американскиот бренд Timberland ја лансираше својата нова модна линија на машки часовници која патем беспрекорно ги соединува врвните перформанси со совршениот стил кој е лесно прилагодлив во секоја прилика.

Врвниот квалитет, апсолутната сестраност како и мајсторската изработка го чини овој бренд меѓу најпопуларните кај машкиот дел од популацијата. Овие часовници секогаш воодушевуваат со секогаш својот иновативен дизајн, функционалност и беспрекорната спортска елеганција.

Актуелната понуда нуди три модни линии, а тоа се “Dixiville”, “Lington” и “Cadion”. Првата линија е еен вид на компромис помеѓу спортски, елегантен и авантуристички момент. Втората пак со својата спортска елеганција и аналоген бројчаник е совршен моден аксесоар за секој урбан маж. И на крај третата има дигитален бројчаник и е идеално речение за спортисти и авантуристи.

Сите овие три линии успешно го поврзуваат стилот и перформансите на еден иновативен начин својствен на овој популарен бренд, креирајќи при тоа прилагодлив стил кој се вклопува во секоја прилика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР