Кога се објавува листата на најдобрите ресторани во светот, во светот на гастрономијата често предизвикува возбуда и вознемиреност.
Од целиот свет, насекаде има голем број на критики од реномирани готвачи и критичари, дека не се земени во предвид сите најдобри параметри и дека машките готвачи се наоѓаат меѓу ѕвездите на Мишелин и дека тие имаат супериорност над жените.
Во секој случај, мора да чекате со месеци во еден од рестораните на оваа листа. Некои имаат ултра познати готвачи, другите се познати по екстраваганција, а некои по комбинирањето на навидум некомпатибилни состојки, едни се ултра-елегантни, а другите се рустикални едноставни. Сепак, посетата на еден од овие ресторани е незаборавно искуство за вашето непце.
Ќе се изненадете дека во најдобрите ресторани во светот не јадат секогаш многу богати луѓе, туку оние кои ќе ја потрошат и последната пара на уникатното гастрономско искуство и задоволство.
Прв на листата е ресторанот Osteria Francescana, кој се наоѓа во Модена, Италија, а интересно е дека од 2011 година, тој е нон стоп на оваа листа, во првите 5. Ресторанот има Мишелин ѕвезда од 2012 година. Куриозитет е и тоа дека дури 3 ресторани во првите 15 се во Шпанија, додека два од оваа листа се во Перу, Лима. Во споредба со првите 15 од 2017 година, некои одпаднаа, а некои се качија на за едно или две места.
Видете ја листата на 15 најдобри ресторани во светот.
1.Osteria Francescana, Модена,Италија
2. El Celler de Can Roca, Џирона, Шпанија
3. Mirazur, Mентон,Франција
4. Eleven Madison Park, Њујорк Америка
5. Gaggan, Банког
6. Central, Лима, Перу
7. Maido, Лима, Перу
8. Arpege, Париз, Франција
9. Mugaritz, Сан Себастијан, Шпанија
10. Asador Etxebarri, Axpe, Билбао,Шпанија
11. Quintoni, Мексико Сити, Мексико
12. Blue Hill at Stone Barns,Pocantico Hills, Њујорк
13. Pujol, Мексико Сити, Мексико
14. Steirereck, Виена, Австија
15. White Rabbit, Москва, Русија