Ако мислите дека Costa del Sol е без душа, очигледно не сте биле во Малага. Исполнет со историја и полн со младешка енергија која гордо го носи повеќеслојното минато, градот кој на светот му го подари Пикасо, во последнава деценија спектакулано се трансформира.

Нови уметнички галерии, радикално обновена област околу пристаништето и нова уметничка област наречена Сохо. Не само што на Малага не и фали енергијата, туку барската-сцена на овој град ќе ве освои преку ноќ, а ефектите од несоницата ќе ги лечите со денови, додека кулинарната сцена на многубројните ресторани со Мишелин ѕвезди, ќе ве натера да одите на диета веднаш штом ќе се вратите од ова патување.

Малага може да се пофали со убави улици, бујни градини и бројни музеи. Широки авении, улици со високи палми по должината на морето, кои се заштитен знак на Малага, која е далеку повеќе од обичен крајбрежен град. Малага е позната како место што изобилува со различни гастрономски специјалитети, како и медитеранска кујна и морски плодови, по што овој шпански крајбрежен градот е посебно горд.

Риба спремена на различни начини е заштитен знак на Малага, а “peskaito frito” е нешто што не треба да се пропушти. Тоа се парчиња на мали риби, печени на скара, а која се служи со некои од ладните домашни вина. Најчесто може да се најде на плажа, каде што ќе имате можност да видите како се подготвува.
Локации кои не треба да ги пропуштите за време на вашата посета: тврдината Alcazaba  од 16 век, дворецот El Castillo De Gibralfaro, Catedral de la Encarnación de Málaga, Римскиот театар, Музејот на Пикасо со 230 негови дела и најпопуларната плажа La Malagueta.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИднината е тука: Montblanc Twin Smart Strap ќе ве фасцинира!
Следна објаваVersace: Kолекција пролет/лето 2019!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР