Montblanc Twin Smart Strap е комбинација од аналогниот и дигиталниот свет на  часовници.

Новиот иновативен додаток е дизајниран да биде компатибилен со повеќето рачни часовници и да ги надградува нивните функции. Ова ремче е елегантно решение кое може да го трансформира било кој механички часовник во connected, кој може да прима известувања, да го надгледува вашето здравје или да помогне при плаќање.

Montblanc TWIN Smart Strap содржи два паметни модули, со закривен дисплеј и специјално дизајнирана лента. Елегантното заштитно стакло открива монохроматски OLED дисплеј, со Bluetooth и NFC функции кои ќе бидат заштитени со IP68 водоотпорни можности.

Изработен од висококвалитетна композитна гума, Montblanc TWIN Smart Strap доаѓа со Montblanc Pay, специјална мобилна платформа која ви помага со бесконтактните плаќања.

Вашиот омилен механички часовник кој работи како дигитален паричник, ова би можело да биде тоа што секогаш сте го посакувале. Иднината е тука, а изгледа неверојатно!

Цената на ова ремче започнува од 456 долари, што не е многу за можностите што ги нуди.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШик франсцуски хотел Fauchon!
Следна објаваМалага – родниот град на Пикасо!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР