Париските деликатеси Fauchon, се најпознати по своите вкусни и убаво креирани  десерти …

Тие, исто така, лансираа и дизајнерски еклери во партнерство со брендови како Lacoste, Thierry Mugler и Givenchy. Сепак, овој сладок бизнис сега се движи во друга насока, тие ги открија плановите за лансирање на синџир од дваесет бутик хотели.

Всушност, првиот од овие хотели ќе ги отвори своите врати на 1 септември оваа година, на Place de la Madeleine во главниот град на Франција. Хотел со пет ѕвездички и педесет и четири соби, а со име Fauchon L’Hotel Paris.

Гостите на хотелот Fauchon ќе имаат неверојатно пријатен престој. Хотелот првенствено ќе се фокусира на гурманскиот аспект на својот бренд, со погодности како што се гастрономски бар во собата – што е интересен, луксузен пресврт кон вообичаениот хотелски мини бар, кој ќе им понуди на гостите избор на бесплатни производи Fauchon.

Брендот планира да го прошири својот нов бизнис и на други локации, во Азија, Европа, Средниот Исток и Америка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолекција на патики инспирирана од Светското првенство во фудбалот!
Следна објаваИднината е тука: Montblanc Twin Smart Strap ќе ве фасцинира!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР