Историјата на познатиот воз Ориент Експрес започнала на 4 октомври 1883 година кога возот тргнал од Париз до Романија, поточно до градот Ѓурѓу.

Од Ѓурѓу, патниците биле превезувани преку Дунав до градот Русе во Бугарија. Од таму патот продолжувал со друг воз кој одел за Варна, каде што патниците повторно морале да се префрлат со траект за да ги однесат во Истанбул. Во 1885 година, била отворена познатата траса преку Виена, Белград, до Ниш. Од Ниш до Пловдив се патувало со кочија, а од Пловдив во Истанбул со воз.

Во 1889 година, делницата Ниш-Пловдив била завршена и комплетниот сообраќај со возот на патеката Париз-Виена-Белград-Ниш-Софија-Истанбул. Во тоа време, Ориент Експрес патувал дневно од Париз до Будимпешта, а три пати неделно, неговата последна станица била во Белград и Истанбул. За Букурешт, Констанца и Црно Море возел еднаш неделно.

Крајната станица на исток била Сикречи во Истанбул. Сообраќајот бил активен до 19 мај 1977 година. Патниците го продолжиле патот кон Азија со траект од железничката станица Хајдарпаша.

Цела тогашна елита, на почетокот на минатиот век, се возела со Ориент Експрес, па затоа овој воз бил наречен “Возот на кралевите и кралот меѓу возовите”. Возот со полираната локомотива имал два вагона за спиење, вагон-ресторан и два вагони за багаж.

Колку бил познат овој воз, говорат и многу филмски и книжевни класици. Неговото постоење најблиску ни го приближија преку фикција и филм, па така познатиот детектив на Агата Кристи – Херкул Поаро, во него го реши својот најмистериозен  случај (Убиството во Ориент Експрес), хероината на Алфред Хичкок исчезна од него, а семоќниот Џејмс Бонд-Шон Конери во „Од Русија со љубов“ го возеше од Истанбул до Лондон.

Во 1982 година повторно е отворена линијата Симплон Ориент-Експрес користејќи оригинални, реновирани вагони од триесеттите и четириесеттите години.

Денес, овој воз сообраќа еднаш неделно (од март до ноември), а го користат богати  патници, кои треба да платат до £ 2.050 по човек, вклучувајќи ги и оброците. Ова познато име го превземаа и во Америка, каде американскиот Ориент Експрес кружи во северниот дел на американскиот континент.

Иако денес има многу побрзи начини за патување од една до друга дестинација, возењето во обновените луксузни кабини Simplon Orient Express од 1930-тите, е незаборавно искуство.

По пријатниот појадок, вашиот стјуард ќе го трансформира вашиот кревет во седиште од кое ќе можете да продолжите да уживате во магичниот пејзаж. Луксузните кадифени софи обезбедуваат совршено место за следење на сценографијата.

Возот Venice Simplon Orient Express сообраќа на линиите од Верона до Лондон, Верона до Париз или од Венеција до Лондон и во обратни насоки. Цените се движат во просек од 2050 фунти по човек, за 24-часовно патување (на пример, од Верона до Лондон), но тоа е луксузна авантура што не остава никого рамнодушен.

Уживајте и возете се на патување различно од сите претходни. Луксузно патување, кое е врска помеѓу минатото и сегашноста. Оживеан мит.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Следна објава“Book Tote bag”-Dior хит торба за лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР