Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Мила Станоеска

Image may contain: 1 person, close-up

Мила Станоеска е фотограф аматер која преку фотографијата се релаксира од секојдневните обврски, а инспирацијата ја црпи од уличните сцени и урбаната архитектура. Зад себе има учество на неколку хуманитарни изложби, а била и член на жирото најубавата Инстаграм приказна во Македонија “#фотонанеделата“ организирана од телекомуникацискиот оператор оне.Вип.

Победничката фотографија е напревена во Центар, Скопје, со мобилен телефон, а е едитирана со алатките на Instagram.

Мила можете да ја контактирате преку нејзиниот Instagram.
Image may contain: outdoor

Андроники Антонијадис

Андроники е ентузијастична млада фотографка која инспирацијата за аматерската фотографија ја црпи од детализираната архитектура. Нејзината цел е да ги прикаже деталите кои, поради задлабоченоста во нашите мисли, ги одминуваме без воопшто да ги забележиме.
„Научив дека и покрај многубројните предмети, во архитектурата е неизбежна и фотографијата. Со фотографија се занимавам аматерски иако до сега сум учествувала на повеќе работилници, проекти, изложби… Фотографирам различни теми од кои најчесто на својот инстаграм профил споделувам архитектура или детали од секојдневието во кое сите некаде брзаме и не обрнуваме внимание или имаме различна перцепција до нив.“
Победничката фотографија е направена во архитектонскиот факултет во Љубљана и е претставена макетата на Андроники, фотографирана преку исценирано – поставена светлина.
Контакт со фотографката можете да воспоставите преку androniki.antonijadis@hotmail.com или Instagram.
No automatic alt text available.

Никола Јакaноски

 

Никола е фотограф аматер кој се стреми брзо кон професионализам, а за секоја фотографија се труди да го извлече најдоброто. Најголем предизвик за Никола се деловите во денот кога Сонцето изгрева и заоѓа.

Победничката фотографија е направена со поглед на сончевите зраци кои ја осветлуваат планината Јабланица, а главна асоцијација на фотографот било македонското знаме. Фотографијата е направена со Samsung Galaxy A5, а е едитирана во Snapseed.

Контакт со Никола можете да воспоставите преку неговиот Facebook и Instagram.

Image may contain: cloud and nature

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР