Сите фудбалски фанови со нетрпение го очекуваат најголемиот спортски настан и ги бројат деновите до почетокот на FIFA светското првенство кое оваа година се одржува во Русија.

Скопје Сити Мол за своите посетители во партнерство со Кореа Ауто Трејд – официјалниот дистрибутер за Hyundai на територијата на Македонија и Косово, подготви интерактивна забавна игра во која ќе за најдобрите учесници обезбеди 4 карти за финалето на FIFA World Cup 2018 Russia. Играта ќе трае од 14 јуни до 3 јули и ќе се одвива во Скопје Сити Мол, а забавната игра е поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

Правилата се едноставни: секој посетител со фискална сметка од 300 денари од било кој локал во Сити Мол и наполнети 18 години ќе може да се регистрира и да учествува во забавната игра каде со употреба на фудбалски вештини ќе може да освои патување за две лица на финалето од FIFA World Cup 2018 Russia. Ќе се доделуваат и многу други награди.

Играта ќе се одвива во два циклуси, првиот од 14 до 23 јуни и од 24 јуни до 3 јули, во период од 18 до 21 часот. Сите учесници ќе се натпреваруваат во 4 арени (фудбал-голф, фудбал-билјард, фудбал- флипер и гол за прецизност). Вреднувањето на победнците ќе биде времето.

Зоната за играње и забава ќе биде отворена секој ден за сите посетители од 10 до 22 часот и ќе може да се користи постојано, освен кога се прикажуваат натпреварите од Светското Првенство. Сите натпревари ќе може да се следат во фуд корнерот, кафетериите и во фан зоната.

Исто така, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија за посетителите ќе овозможи и изложбен дел посветен на сите градови и стадиони каде ќе се играат натпреварите од светското првенство.

Бидете и вие дел од фан зоната и играјте за патување на големото финале на FIFA WORLD CUP RUSSIA 2018!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајмодерен декоративен тренд во 2018: зелен мермер!
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР