Некогаш обожувано од страна на австро-унгарскките аристократи, островото Лошињ,  едно од најволшебните, скриени, скапоцени бисери на Хрватска и совршена дестинација за сите сезони …

Секое хрватско остроо има свој сопствен микро идентитет. Така, Брач ​​е познат по својот камен, Хвар по својата убавина и долгите сончеви денови, Корчула се прослави како рајско место на Марко Поло, Црес е познат по своето маслиново масло и јагнешкото месо, Паг по сирењето и морска сол, Сусак по песочните плажи, но кога сакате да се опуштите, одморите и да бидете активни, на Лошињ ќе го најдете токму тоа што го барате.

Убавината на непознатото
Во убавите прекрасни заливи на островото Лошињ, опкружени со стогодишна борова шума, ќе најдете луксузни хотели, вили, ресторани, wellness центри, сместени во медитеранско опкружување. А мешавината на луксузот и романтиката, активности, спортови, семејни содржини, спа центри и одлична кујна, чекаат на вас во оваа уникатна бања на море. Сè што е тука е различно, сините заливи во прегратка на островото со мирис на бор, мирта и пелин.

Бутик хотел Alhambra

Овој преубав хотел се наоѓа во во еден од најубавите заливи “Чикат”. Се вели дека заливот е именуван по жените на морнарите кои се навикнати да “чикат”, т.е. да ги чекаат своите морнари да се вратат од долгите патувања по морињата.

Околината е идилична со миризлив шумски парк, во непосредна близина на морето, опкружено со борови дрвја, агави и палми.

Бутик хотелот Алхамбра е составен од Алхамбра, Вила Аугуста и Анекс.

Алхамбра е креиран во стил на медитеранска вила, модернистички едноставни фасади, софистицирано вклопен во околината која го опкружува. Дизајниран е во 1912 година од страна на познатиот архитект од Виена, Алфред Келер, инспириран од шпанската архитектура. Алхамбра пред еден век, била пример за луксузен и врвен хотел во тоа време.

Покрај Алхамбра, се наоѓа вилата Аугуста изградена околу 1908 година во сецесионистички стил. Фасадата е со богато декорирани орнаменти и филигрански разиграни огради на балконите, како и хармонично обликувана градина, која сигурно го заслужува своето име Аугуста, “возвишена”. Зад Алхамбра и Аугуста, сместен е новиот дел на хотелот таканаречен Анекс, вклопен во шумата и хармонично поврзан со постарите убавици.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГолем 3×3 баскет турнир во Скопје Сити Мол!
Следна објаваРепертоар на Драмскиот театар Скопје од 14.05 до 20.05.2018
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР