Здружението “3×3 Basketball” Македонија заедно со Скопје Сити Мол, од 1ви до 3ти јуни организираат голем спортски спектакл, 3х3 баскет турнир. Ќе се одржува на 5то ниво од катната гаража на трговскиот центар. Заинтересираните “баскетболџии” ќе можат да се пријавуваат за турнирот од 14 до 28 мај.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува  и првата 3х3  лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.

Овој настан се организира по втор пат на територијата на Република Македонија. На ланскиот турнир учествуваа македонски екипи и екипи од земјите во регионот (Србија, Црна Гора, БиХ и други). Учесниците ќе можат да се пријавуваат на ФИБА планет системот.

Сите заинтересирани можат да се пријават на овој линк. Пријавувањето трае од 14.05.2018 до 28.05.2018, а максималниот број на пријавени екипи е шеснаесет.

Турнирот во баскет „3х3“ ќе се игра од 1ви до 3ти јуни, а натпреварите ќе започнуваат од 17 часот и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во наредните денови.

Покрај официјалнот дел со натпреварите 3 на 3, од Скопје Сити Мол подготвуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн.

Ова е дефинитивно настан кој не смее да се пропушти! Се гледаме на 3×3 во Скопје Сити Мол!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСрпските џез виртуози Душан Јевтовиќ и Васил Хаџиманов во Станица 26
Следна објаваBoutique hotel Alhambra – луксуз на островото Лошињ!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР