Интересен облик на светилка!

Мадридското Mayice Studio ја креираше оваа скулпторска ламба од едно парче заоблено стакло, како дел од студијата за проток на светлина преку конкавни и конвексни форми …

Со должина од над еден метар, лустерот Filamento дебитираше за време на овогодинешната Недела на дизајн во Милано. Студиото Mayice создаде светилка од долга стаклена цевка и еден филамент што создава ефект како ласер во темна соба. Кога светлата ќе се исклучат, ова парче осветлување изгледа како украс или идеална декорација во модерна просторија.

Инаку, ова парче за осветлување е дизајнирано како модуларен систем. Секој модул со должина од 1.26-метри може да се поврзе, а со четири поврзани Filamento парчиња, ова студио формираше пет метарска инсталација за Недела на дизајнот во Милано.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVersace Tribute Collection – очила за сонце!
Следна објава“Пигмалион и Галатеа”- желбата за идеална љубов!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР