Едно од најзначајните уметнички дела насликано и извајано на варијација од темата на митологијата е создадено во периодот помеѓу 1890 и 1893 година од страна на францускиот сликар Jean-Léon Gérôme, преставник на уметничкиот правец академскиот неокласицизам.

Митот за Пигмалион и Галатеа е за прв пат споменат во делото “Метаморфоза” напишано во првиот век од страна на поетот Овидије.

Сликарското платно на оваа тема денес е сместено во “МОМА” музејот во Њујорк, а се смета дека е едно од најголемите ремек-дела во уметноста создадено во XIX век.

Треба да се напомене дека сликарот при создавање на делото користел напредна техника со цел успешно да се вклопи во тогашниот академски стил, актуелен во тогашниот Париски салон.

Кога станува зор за мермерната биста, таа е направена во 1893 година а ја преставува љубовта на младиот вајар Пигмалион кон својата биста наречена Галатеа, а замислена како неговиот идеал за совршената жена. Прикажан е моментот кога божицата Венера му помага на младиот вајар со тоа, што ја оживува неговата биста.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР