
Покрај професионалната љубопитност, основен мотив кој стои во позадина на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ е да се придонесе за повторната видливост на еден од заборавените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина. Во основа на истражувањето (проследено со публикација и изложба) е исто така желбата за подетално проучување на скопските висококатници, кули…, производ на еден од доминантните модели на урбанизација и развој на европските градови во втората половина на 20-от век.

Студијата е насочена кон документирање и истражување на 50 висококатници кои при-паѓаат на периодот од 1950 год. сè до доцните 80-ти години од минатиот век, кој истовр-емено е и најдинамичен период од историјата на развојот на Скопје. Потпирајќи се на доволната историска дистанца која дозволува објективно согледување на заемното влијание на општествено-политичките процеси, глобалните архитектонски движења, технолошкиот напредок… врз развојот на урбаната форма, целта на трудот е подетално проучување на архитектурата на вертикалниот град, условите во кои таа настанала, главните одлики кои ја одредуваат, квалитетите и вредностите кои ги поседува.

![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)












