Индустрискиот дизајнер Ron Arad креираше сет на вазни кои се вклопуваат една во друга заедно, како бабушки, за брендот Nude…

Concentrics е сет од четири вазни (дизајниран од уметник кој е роден во Тел Авив, со престој во Лондон), за современ турски бренд. Тие беа претставени за време на Дизајнската недела во Милано, во луксузната барокна миланска палата, Palazzo Litta.

На овој проект, тој работел седум месеци, а вазните се изработени од чисто кристално стакло, користејќи ја техниката çeşm-i bülbül. Овој процес вклучува завиткување на стаклени прачки околу растопеното стакло, создавајќи спирален ефект на дијагонални линии.

Стаклото потоа се дува во челични калапи од страна на врвни мајстори, кои се грижат обоените делови од секоја вазна да бидат во спротивни агли. Дизајнирани да бидат убави и кога се во употреба и кога се празни, овие вазни можат да се наредат и да ротиратаат, притоа создадат различни дезени и форми.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPaco Rabanne ready to wear колекција за есен 2018!
Следна објаваМодерни и забавни маси за вашата трпезарија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР