Трпезаријата е една од најважните простории во нашите домови, бидејќи во неа се собираме заедно со семејството и пријателите. Затоа е многу важно таа да биде пријатно и удобно декорирана, така што секој може да ужива во неа …

Кога зборуваме за опремување и уредување на трпезарискиот простор, композицијата и стилот е пожелно да се усогласат со мебелот, боите, текстурите, материјалите и декорацијата, која секогаш доаѓа на крајот, но дава посебен “конечниот допир” на секој амбиент.

ТРПЕЗАРСКИ МАСИ
Најважниот елемент на секоја трпезарија е трпезариска маса, чија цел е собирање на драгите луѓе. Во тренд се маси со чисти линии и едноставен дизајн, дрвени и маси со метал и стакло, кои се најчесто достапна опција.

Денес, апсолутен хит се повеќенаменски маси, кои по јадењето можат да послужат и за забава.

Ви го претставуваме моделот на белгискиот бренд FusionTables, кој создаде сосема нов концепт во трпезаријата.

Тоа е професионална билијард маса која ги задоволува потребите на страствените играчи на билиајрд, а дизајнот е привлечен како за мажите така и за жените. Многу едноставно, за помалку од една минута, оваа трпезариска маса се претвора во билијард маса.

Можете да креирате маса по ваш вкус, бирајќи различни материјали и боја на чоја.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни и практични маси кои можат да бидат ваша инспирација!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР