Дизајнерот Julien Dossena, кој на познатата модна куќа Paco Rabanne и даде нов живот, сега создаде нова колекција која ќе ги натера жените не само да кажат “Ова е фантастично”, туку да посакаат истите парчиња да ги поседуваат.

Паметното и креативно комбинирање на металикот по кој оваа куќа е препознатлива, со совршените француски класици како што се мантилите, кашмирските кардигани, бретонска маица на линии или морнарското палто, креаторот вешто ги избалансирал елементите кои на прв поглед се некомпатибилни.

Кој би помислил дека металик здолниште изработено од тркалезни метални дискови, кои се заштитен знак на оваа модна куќа, толку добро се комбинира со беж кашмирски кардиган?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 30.04.2018 година!
Следна објаваСтаклени вазни креирани по традиционалната турска техника çeşm-i bülbül!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР