Името на John Casablancas во модниот свет е несомнено едно од најзначајните. Кaко основач на престижната модна агенција “Elite Models” тој е водечка фигура во лансирањето на светските супермодели. Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд, Стефани Сеимур, Паулина Поришкова се само мал дел од светски познатите модели.

Роден е во Њујорк на 12 декември 1942 година во семејство на шпански доселеници. Налик на холивудска sвезда, тој зрачи со посебна харизма и стил, привлечен, но со мала доза на бунтовност во себе, тој е обожуван од страна на спротивниот пол.

Агенцијата”Elite Models” ја основа во 1977 во времето кога Елен Форд била негова ривалка. Успешно се изборува за свое место во модниот свет, а подоцна во една прилика ќе ја опише Елен како бескорпулозна па дури и по малку непријатна личност.

За тајната на својот успех и за создавањето на феноменот супермоделинг тој во една прилика ќе изјави: “Ги одбирав само најубавите девојки со тоа што ги третирав како личности со интегритет”.

Многу девојки од други агенции преминувале кај него не само поради неговиот однос, туку и поради високите хонорари што ги добивале. Се зборува дека некои од водечките модели не прифаќале понуда за снимање за помалку од 10.000 долари.

После многуте бурни години поминати во светот на модата тој решава да се пензионира во 2000 и се сели во Рио де Женеиро.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР