Дали верувате во самовили? Ако не верувате во натприродни сили и други феномени, Исланд треба да го видите, доживеете, почувствувате. Со сите сетила!

Што нуди островот, тешко е да се најде на друго место. Можеби ќе останете лишени од посета на Мек Доналдс, бидејќи нема ниту еден на Исланд, исто како и стриптиз клубови – кои беа забранети во 2010 година, но затоа имате можност да ја видите поларната светлина, јатото на китови и можеби понекое џуџе или трол. Освен тоа што со години Исланд е прогласен за најбезбедна земја во светот, ако сте во невоља, не грижете се, бидејќи Исланѓаните имаат своја омилена реченица – “Tetta reddast” – сè ќе се реши. Тука исто така ќе уживате во најквалитетна гастрономска понуда, термални базени, национални паркови и природа – како што е прикажано во трилогијата на Толкин “Господарот на прстените”.

30 интересни работи за Исланд …

1. Повеќето Исланѓани веруваат во т.н. “Скриени луѓе” – виленици, џуџиња и тролови
2. Не постојат шуми на Исланд
3. Островот има Ден на пивото: 01.03. секоја година.
4. Исландскиот јазик останал непроменет од времето на миграцијата на Викинзите на островот во 9-иот век. Затоа исландските деца во училиштата лесно ги читаат старите саги.
5. Нема презимиња на Исланд – Исланѓаните користат традиционален нордиски систем за име што претставува презиме кое се состои од името на таткото или мајката.

6. Рејкјавик – во превод значи “зачадениот залив”
7. Приходот од излетите на гледање китови го надминува приходот од китоловот
8. Исланд ја имал првата демократски одбрана премиерка геј
9. Исланд ја имал првата демократски одбрана жена претседател
10. Потрошувачката на Кока-Кола по глава на жител е повисока отколку во било која друга земја.

11. Исланѓаните гледаат повеќе филмови од која било друга нација
12. Национален спорт на земјата е ракомет
13. Во Исланд нема комарци
14. Исландската полиција не носи оружје
15. Островот има најголем број на книги и списанија по глава на жител, а 10% од населението ќе ја објави својата книга за време на својот живот.

16. Според последниот попис на населението, на Исланд живеат, меѓу другото, 18 каубои, 52 принцези, 9 вештерки, 59 витези и 14 истерувачи на духови
17. На Исланд имаат развиено апликација која лесно открива дали сте во крвен однос со личноста со која флертувате
18. Исланѓаните не ја ценат сентименталноста во однесувањето и хуморот
19. Во јавниот превоз, се возат само деца и губитници. Сите возат автомобили.
20. Целата земја е на Фејсбук.

21. Англичаните имаат свои пабови. Турците имаат свои чајџилници. Финците имаат свои сауни. Исланѓаните имаат свои термални базени.
22. Преку неделата мирните и трезвени Исланѓани, за време на викендите дивеат. Во петок и сабота навечер, Рејкјавик е врел котел од луди ноќни клубови и забави. Името за забавување од клуб до клуб се вика „Runtur“.
23. Најголемиот европски водопад се наоѓа на Исланд – Dettifoss
24. Во Исланд се наоѓа најголемиот европски глечер, Vatnajokull
25. Исланд е првата земја која донела закон за еднаквост на машките и женските плати

26. Исланд, меѓу првите земји во светот го воведе правото на жените да гласаат
27. Во Рејкјавик ќе најдете интересни музеи, меѓу кои Панк-музеј и Музеј на фалуси
28. Најлошата навреда за Исланѓаните е кога нивните мали коњи ги нарекувате пони
29. Тие имаат највисока стапка на наталитет во Европа

30. Целата вода на Исланд може да се пие; од славина, од реката, од водопадите …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар Скопје (09.04. – 15.04.2018)
Следна објаваСимболиката на првото фарбано црвено јајце!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР