Во градот кој го прослави Шекспировата трагедија “Ромео и Јулија”, животот се одвива во живописните тесни улички и тој е еден од најфасцинантните градови во северена Италија.

Во форма на срце и ренесанса романса, Верона е жив град, во кој доминираат многу културни споменици, а архитектонската структура на градот и уметничко наследство се заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство.

Додадете на сето ова и безброј цркви, неколку архитектонски фасцинантни мостови над реката Адиџе, храната и вината од регионот Венето, како и импресивната  уметност, добивате дестинација која е сон на секој патник.

Верона се наоѓа на реката Адиџе, која едно време служела како меѓународна граница во подножјето на превојот Бренер, транс-алпскиот пат кон Инсбрук и Минхен. На реката Адиџе има безброј мостови, од кои најстариот е Понте Пјетро.

По должината на самата река, се наоѓа долго шеталиште каде што можете да избегате од градската врева, кога сте уморни од разгледувањето на сите споменици и музеи.

Секоја година милиони посетители доаѓаат во Верона за да го видат Capullet Mansion, односно Casa di Giulietta – куќата на Јулија, каде се наоѓа веројатно најпознатиот балкон во светот.

Но, атракциите вредни за посета дефинитивно се: амфитеатарот Arena di Verona, Piazza Delle Erbe, ден од најстарите и најсликовити плоштади во цела Италија, Piazza Dei Signoriе – со право познат како Плоштадот на Данте, Castello di Montorio Veronese, замок на 3 км од Верона, Castelvecchio – стариот замок со своите седум кули и Duomo, главната катедрала во Верона.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен стан во Шангај: Експлозија на енергија и боја!
Следна објаваEmma Stone е новото заштитно лице на Louis Vuitton!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР