Боите се меѓународен визуелен јазик кој сите го разбираат кога се обидувате да комуницирате или да пренесете нешто преку дизајнот на ентериерот. Не постои подобар начин тоа да го направите, отколку преку боите.

За да го направите тоа, треба да разберете како се однесуваат боите, како го менуваат својот карактер и како влијаат врз нашето расположение.

Сите бои го менуваат својот карактер кога се менува интензитетот на светлината, па затоа не е доволно само да се одбере бојата за одреден елемент во внатрешниот дизајн, бидејќи исто така, мора да внимавате да ја одберете вистинската нијанса.

Светлите бои се прозрачни и општо правило е дека ја прават собата поголема и посветла. Темните бои се софистицирани и во ентериерот внесуваат топлина и префинетост, додека силните и живи бои на одредениот простор му даваат живост и силен карактер.

Апартманот Chromatic Spaces во Шангај е вистински пример за еден ентериер обоен во вибрантни, живописни бои, со богати текстури, создавајќи простор кој емитува добра енергија и шик атмосфера. Секој агол од овој стан е насликан со уникатна комбинација на бои, со прозорци кои се поставени од подот до таванот и секоја соба со светлина ја исполнуваат. Спалните соби емитуваат богати бои, мек и удобен мебел за релаксација, вклучувајќи го и спектакуларниот поглед кон пејзажот на градот.

Сигурни сме дека еден таков простор кој зрачи со позитивна енергија, им помага на сопствениците потполно да се релаксираат по враќањето од работа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVolkswagen го претстави новиот Touareg
Следна објаваПатување: Сон на секој патник – љубов во Верона!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР