Популарниот бренд за украсни декорации Stradivarius е познат ширум светот по својата тренди естетика. Нивните креации во потполност ги задоволуваат вкусовите на купувачите не познавајќи старосна граница. Тие изгледаат убаво и впечатливо било каде и да ги поставите во вашиот дом.

Водејќи се од премисата #instaworthy Stradivarius неодамна ја лансираше својата најнова колекција на прекрасни украсни декорации за вашиот дом.

Во серијата “Chic” ентериери може да се најдат расветни тела во форма кактус, ананас и звезда, додека кај декоративните елементи највпечатливи се металните сталаци за чување на накит и светлечките кутии.

Посакувате да додадете една доза на свежина и сензуалност во својот дом, а при тоа да не потрошите премногу сретства од својот буџет, секако производите на Stradivarius ќе ви го овозможат тоа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР