Главниот град на Австрија беше прогласен минатата година за најдобар град во светот по квалитет на живот. Кога ќе ги земеме во предвид ниските цени за изнајмување (разумни за Европска Унија) и ниската стапка на криминал, ова не е нешто што изненадува. Доколку престојувате во убавата Виена на неопределен период, би било неопходно да размислите за изнајмување на стан, а ние сме секогаш тука да помогнеме со по некој совет плус, вклучувајќи го изборот на реон и поврзаноста со јавниот превоз.

Становите во Виена се волшебни. Подовите се прекриени со полиран паркет, декоративни високи тавани и преубави фасади. Миксот на готскиот стил, барокот, југендстилот и модерната архитектура творат совршени квартови за живеење, а со цени од 350 – 400 евра месечно, со вклучени сметки за заеднички стан може да се најде дом со повеќе од пристојни услови за живот. Сепак, станува збор за груба бројка, без да се земе локацијата и состојбата на живеалиштето. За разлика од некои европски градови, сопствениците во Виена се многу дарежливи и внимателни, во повеќето примери доколку склучите договор на минимум три години, тие нема да ја зголемат месечната кирија или пак да вклучат дополнителни трошоци надвор од договорот. А кога станува збор за капарот, доволно е на почетокот да платите износ кој би покрил три месечни кирии. Фер, или не, сепак оставаме на Вас да одлучите.

Сепак, Виена е голем поим, вистинското прашање е каде во Виена?

Градот е поделен на дваесет и три реони. Секој реон има уникатен карактер и затоа е добро да се запази овој концепт за да го пронајдете вистинскиот реон за Вас!  Територијата од реон 1 до реон 9 се смета за центар за Виена.

Омилени за учениците и студентите се шесттиот, седмиот, десеттиот и петнаесеттиот реон, поради богатиот ноќен живот и секако поефтините кирии.

Вториот и третиот реон се популарни кај младите професионалци, додека тринаесеттиот, четрнаесеттиот и деветнаесеттиот реон се зафатени од семејствата и постарата генерација.

Доколку барате соба, можете да најдете по поволна цена на Willhaben и Der Standard.

Vienna skyline | © Mohsen Soori / Flickr

Кога веќе одлучувате да живеете во Виена, треба да одлучите дали ќе живеете сами или со некој. Доколку сте подготвени да живеете со странци, посетете го овој сајт каде ќе можете да најдете апартмани соодветни за споделување. Овој тренд е познат во Виена и е познат како „WGs“. Секако, мора да бидете внимателни при споделувањето на апартманот со странци. Не дозволувајте луксузната соба да Ве заведе па на крај да завршите со бучни цимери. Размислете два пати пред да потпишете договор. Иако WGs е добар начин да се запознаат нови пријатели, мора да бидете внимателни!

Curving street in Vienna | © Ștefan Jurcă / Flickr

Дури и да сте на тенок буџет, движењето низ градот нема да биде некој голем проблем. Виена е град кој е пријателски расположен за велосипедистите и пешаците. Системот на јавниот превоз е лесен за користење, а дневен билет чини само едно евро.

Viennese Apartment | © Gunar Grummt / Flickr

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVersace – богата пролетна колекција 2018 (омаж за Џани)!
Следна објаваHOMI – саем на италијански предмети за домот!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР