Животот на “висока нога” едноставно доби целосно ново значење …

Во срцето на Мексико, во средина на џунглата и во близина на плажата Пунта Сајулита, оваа пространа куќа од 457 м2 го најде своето место во крошната на цврсто дрво. Соодветно на тоа, материјалот што преовладува во неа е токму дрвото, кое на ова место му дава автентично шмек.

Куќата се состои од не едно, туку две нивоа на отворен тип, а светлината достигнува во секоја соба. Безбедноста е загарантирана – влезот во куќата може да се свитка и да се вметне внатре, со што се спречува влегувањето на непожелни лица. Приватноста е дополнително обезбедена со т.н. “армоника врата”, отстранувајќи ги патниците од љубопитни погледи.

На двете нивоа има три спални со две бањи, додека постои можност за брзо креирање на дополнителна просторија во случај да дојдат повеќе гости (би било вистинска штета да не се споделува таква сцена со другите, нели?). Куќата е опремена со мултифункционална кујна вредна дури и за најдобрите кулинарски мајстори. Таа има трпезарија и тераса и целосно е опремени за ручеци.

Оваа куќа ги претвора своите станари во мајстори за забави. На трите тераси има доволно место за повеќе од 50 луѓе, додека на првото ниво има базен и џакузи, вистински спас за врелите мексикански денови. Малку понатаму има отворена скара, во случај гостите да бидат гладни.

Дрвената куќа е сон на речиси секое дете, а оваа луксузна двокатна куќа го исполнува тој сон за оние кои се секогаш деца во срцето. Како да самиот објект не е доволен, погледот кој се протега од речиси секој негов агол на Залитот Саулит, го одзема здивот а сите кои се качуваат.

Luksuzna kuća na drvetu u Meksiku

Luksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u MeksikuLuksuzna kuća na drvetu u Meksiku

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 “must-have” модни додатоци за есен!
Следна објаваЕлегентни бермуди за работа!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР