Оставете ги зад себе сите грижи и проблеми, метежот и вревата на урбаната животна средина и откријте ја природната убавина на Milaidhoo Island Maldives, додека се уште можете…
Заради сите овие приказни за глобалното затоплување, ние не можеме да знаеме што ќе се случи со нашата убава планета во иднина, а не знаеме ни уште колку можеме да имаме привилегија да уживаме во убавината на чудата на мајката природа, како што се коралните островина Малдивите.
Инспиративното и модерно одморалиште за кое овој пат пишуваме, е специјално дизајнирано за да се опуштат и заведат сите патници кои се осмелуваат да го посетат. Тоа се наоѓа во Baa atol, кое е дел од UNESCO World Biosphere, а на своите привилегирани гости им дава можност да уживаат во кристално јасната азурно сина вода, бујното зеленило и белите песочни плажи, кои се опкружени со корални гребени кои се идеални за нуркање.
Неверојатниот спа центар над водата, ги користи богатите ароматични мириси на кокос, лимета и други растенија, за да се создаде атмосфера на уживање во четирите прекрасни апартмани за третмани и убавина. Исто така, тука има можност за уживање на сесиите на јога или медитација во убавиот отворен павилјон над водата.
Исто така, дел од понудата на одморалиштето го прават крстарењата со делфините, риболовот, нуркањето и можноста од брегот да се гледаат ајкулите.