Кога легендарниот италијански производител на мотори објави нова специјална дивизија што нивните креации ќе ги однесе уште подалеку, сите љубители на две тркала имаат причина за славење…

MV Agusta Reparto Veicoli Speciali #1

Овој пат, брендот MV Agusta штотуку ја претстави својата ексклузивна Reparto Veicoli Speciali #1 серија со ограничено издание, која е дело на нивната нова работилница, која го носи истото име. Оваа серија е развиена во соработка со Центарот за истражување Castiglioni, со само една работа на ум – рачно изработени, специјално дизајнирани мотори во многу ограничен издание.

MV Agusta Reparto Veicoli Speciali #1

MV Agusta Reparto Veicoli Speciali #1

MV Agusta Reparto Veicoli Speciali #1

Базиран на стандардниот три-цилиндричен модел Brutale Dragster 800, овој заводлив мотор ќе ве однесе на вашето животно егзотично патување, и покрај тоа што се уште не сме сигурни за механички детали. Сепак 150 КС на 160 kg може да биде нешто што ќе ги возбуди сите возачи.

MV Agusta Reparto Veicoli Speciali #1

MV Agusta Reparto Veicoli Speciali #1

Моторот има делови од титаниум кои го поврзуваат резервоарот со седиштето, како и нова латерална -странична рамка, направена од високо квалитетен алуминиум. Лесните компоненти можат да се видат на целиот овој мотор. Издувниот систем е заменет со титаниумски,  додека Kineo тркалата кои го украсуваат овој модел доаѓаат директно од  Dragster серијата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодниот бренд GUCCI со нова линија – HOME DECOR!
Следна објаваДетски моден серијал на Alya Chaglar
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР