Изгледот, естетиката, стилот, цената и функцијата, се секако главните фактори при изборот на лустери и ламби во ентериерот. Воопшто не смеме да го запоставиме и остатокот од естетиката во енетериерот. Сепак, минималистичките лустери и ламби се најдоминантни и најпродавани парчиња за осветлување, затоа што луѓето како да немаат храброст да си поиграат со другите правци во дизајнот, различните облици и бои, кои создаваат малку по различна атмосфера.
Токму од таа причина, сега на сцена стапи новата колекција на Fedora, која претставува неколку шармантни интерпретации, кои се дело нa AxoligDimа Loginoff за Axolight. Оваа колекција е прикажана во Милано на овогодишната недела на дизајнот.