Shigir Idol е најстарата дрвена скулптура која била пронајдена од страна на руските археолози во далечната 1864 година лоцирана на источните падини на среден Урал во мочуриштето Shigir, по кое е и насловена истоимената статуа.

Пронајдена во неколку дела, за среќа нссоема неоштетена. Кога била составена всушност излегло дека тоа било човеково тело изработено од свежо дрво, долга дури цели пет метри.

Истражувањата кои биле спроведени во германскиот град Mainheim каде се користи специјална технологија на карбонско датирање( забрзана спектомертија) се докажало дека статуата е стара повеќе од 11.000 години.

Обликот на статуата е правоаголен со бројни ребрасти линии по целата негова должина. На врвот на статуата се исклесани шест човечки ликови за што археолозите сметаат дека тоа е еден бвид на хиерархија во тоа време.

Три фигури вклесани една преку друга од предната и задната страна. Истражувачите и археолозите дошле до заклучок дека високата поставеност на јагодичните коски и правилниот нос всушност ја покажуваат убавината на луѓето кои живееле во тоа време.

Shigir Idol е изложена во стаклен ковчег во Sverdlovsk, Yekaterinburg, Russia.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР