Во Обединетите Арапски Емирати, поточно во Дубаи за прв пат ќе биде изградена зграда која ротира. Планирано е таа да биде готова до 2020 година. Секој нејзин дел ќе биде посебно изработен за потоа сите делови заедно да бидат составени во една централна оска. Ќе има 80 ротирачки катови кои ќе бидат дизајнирани на тој начин да изгледаат како постојано да се движат. За да поседувате овде стан ќе ви требаат верувале или не, цели 30 милиони долари. Сопствениците на овие станови ќе ја имаат таа можност да го програмираат својот дом за тој да се движи постојано во насока на движењето на сонцето. Помеѓу спратовите ќе бидат вградени  турбини на ветар кои ќе овозможат  зградата да се напојува со струја. Погледнете ја како ќе изгледа!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР