Како повторно да се засакате самите себе?!

Самодовербата е комплицрана работа. Опкружувањето постојано не потсетува дека не сме доволно добри, доволно убави, доволно богати, доволно модерни и уште што се не ..доволно….! Време е на тоа да ставиме КРАЈ!

images (8)

Сите се бориме со некој вид на несигурност и така паѓаме во магичниот круг на добри и лоши денови, добри и лоши чувства. На жалост, ги паметиме повеќе лошите од добрите. Но тоа не чесно – ни кон вас, а ни кон другите личности во вашиот живот.

Но знаете што? Брз разлика на се, СЕГА е време повторно да се чувствувате убави и полни со самодоверба! Постојат неколку совети и начини кои сакаме да ги поделиме со вас, за да се чувствувате така како што заслужувате, како можете и како требате.

ОДАЛЕЧЕТЕ СЕ ОД ЛУЃЕТО КОИ НЕМААТ ПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ НА ВАС!

Никој не е совршен – луѓето грешат – и вие грешите. Честопати заради сопствените грешки кои ги правиме, мислиме дека треба да имаме повеќе разбирање за туѓите. Тоа е сосем нормално, но проблемите се појавуваат кога почнувате да ги правдате туѓите зборови или дела, така што себеси се обвинувате. Ако личноста не ве третира со љубов и почит која ја заслужувате, време е темелно да го проверите тој однос. Можеби во таа врска сте го изгубиле сопственото ЈАС. Вие одлучувате за сопствената вредност. Ценете се и не прифаќајте ништо помалку! Понекогаш е навистина тешко да ги напуштите личностите кои ги сакате, но морате да ја препознаете негативноста во нив. Ако заради нив се чувствувате помалку вредни, помалку убави, помалку пожелни, или не ве третираат и сакаат на начин како вие – свртете се и заминете. Повторувајте си постојано како заслужувате подобро и ќе ја најдете силата во себе – “Кога една врата се затвора, другите се отвораат!”

2-21

ЗАПИШУВАЈТЕ ГИ РАБОТИТЕ НА КОИ СТЕ ИМ БЛАГОДАРНИ!

Запишувајте ги работите на кои сте им благодарни, ќе ви послужата за тоа колку сте всушност благословени и фокусот ќе го насочат на работите кои ги ИМАТЕ, наместо што немате. :”Секој од нас ја води својата битка за која вие ништо не знаете”. И неккои од најсреќните личности на свет имаат проблеми за кои никогаш не би помислиле. Па, на што сте вие благодарни?

Запишувајте ги почесто и ќе видите како од време на време, погледот на сопствениот живот ќе почне да ви се менува.

ОТКРИЈТЕ НОВИ СТРАСТИ, ХОБИ И РАБОТЕТЕ МНОГУ, МНОГУ НА НИВ!

Морате да пронајдете нешто, со кое ќе можете постојано да вежбате и во што ќе станете се подобри…нешто што можете сами на себе да го посветите и што позитивно ќе влијае на вашето здравје, тело и ум. Имате ли хоби? Ако немате, најдете веднаш.  Доколку немате страст за ништо или хоби – или не сте сигурни што сакате да правите, пробајте со се и сешто, зато што тоа е едниствен начин да отркиете што НЕ сакате. Со самото тоа, вие сте чекор поблиску да го најдете идалното хоби за вас! Чувството на сопствен успех, не се мери со ниедно друго чувство на светот!

ОБЛЕЧЕТЕ ГО ТОА, ВО ШТО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ УБАВИ!

Облечете се убаво и одете на луда забава со пријателите. Нашминкајте се и средете ја  косата. Пробајте го новиот кармин за усни за кој сонувате со месеци. Многу поубаво ќе се чувствувате – кога изгледате добро! Облечете го убавиот фустан од гардеробарот, заборавен со години а ви стои совршено. Ако Beyonce  пее за тоа (Freakum Dress!), тогаш и на нас тоа ни изгледа одлична идеја!

1-30

СМЕЈТЕ СЕ МНОГУ!

Смеењето е лек – па дури и кога солзите ви течат низ лицето – смеењето е лек! Сигурно дека постои некој во вашиот живот кој може да ве насмее кога плачете. Ако тоа не се вашите мајка и татко, брат или сестра или најдобрата пријателка – тогаш тоа може да биде вашиот омолен комичар. Во секој случај, насмејте се и самите на себе! Среќата е заразна – смеата,посебно. Колку повеќе се смеете ќе бидете посреќни, а така и поголема среќа привлекувате.

СТАВЕТЕ СЕ СЕБЕСИ НА ПРВО МЕСТО!

Колку енергија трошите мислејќи и разбирајќи ги другите и онаа која ја трошите исклучиво на ВАС?

Единствено ставајќи се себеси на прво место, ќе можете стопроцентно да престанете да се фокусирате на се она лошо што ви се случува и ќе се засакате и прифатете себеси. Ако повеќе се грижите за туѓите потреби , туѓите желби, туѓата среќа – ја губите својата. Што можете да направите денес со својата енергија и времето – како да се чувствувате подобро, посилно, попаметно, со самодоверба и успех? Морате самите на себе да бидете приоритет. Во вас лежи силата. – силата која не се мери – која може да ве излечи и да ги инспирира другите околу вас. И таа сила ќе излезе на видлина тогаш, кога вашата среќа ќе ви биде најважна!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПланините те повикуваат | фотографија
Следна објаваИНВАЗИЈА ОД ЧУДОВИШТА | Давид Ристевски
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР