Да бидеме искрени, ние екологистите не поднесуваме облакодери!

003

Но, архитектите се секогаш тука со својата генијалност, да го променат нашето мислење од корен. Кога станува збор за страшните високи „монструми“, имало навистина преубаво решение кое ќе ги направи поприфатливи за нашиот вкус.

Стефано Боери е мајсторот кој ќе биде заслужен за ова иновативно, „go-green“ дело. Именувана, “La Tour des Cedres”, во оваа 34-катница ќе бидат вдомени над 100 дрва, 6 000 грмушки и 18 000 саксиски растенија, зафаќајќи околу 3 000 метри квадратни.

000

Зеленилото е паметно распределено во апартманите, каде ќе ги штитат од бука и загадување, а и секако ќе го разубавуваат погледот од прозорците.

002

Покрај оваа зграда во Лозанаовој италијански архитект има проектирано и во совршеното Милано, како на пример двете убавици кои можете да ги погледнете подолу.
005

006

004

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБрисел | Шармот на Европа
Следна објаваТекстил за есен
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР