Нема снег а сакате да направите снешко? Не е невозможно. Брзо и едноставно, ова е Направи сам проект со кој може да ги израдувате Вашите деца и да го разубавите Вашиот дом во пресрет на празниците.
- Потребно:
– бел чорап;
– ориз;
– лепак;
– ножици;
– црн и портокалов материјал (може да користите и самолеплива хартија).
Почнувате да го полните чорапот со ориз како на фотографијата, врзувајќи го на соодветните места.
Материјалот го сечете во соодветната форма за она што Ви е потребно (копчиња, раце, очи, нос) и го лепите на соодветното место.
И за миг Вашиот „снежен“ пријател е готов!