Во духот на златните тонови на есента, трендовите во уредување на домот не извостануваат во поглед на моќноста на оваа боја. За денешниот Направи сам предизвик, се концентираме на стаклени чаши за шампањ, со намера да ја позлатиме нивната чашка во насока на постигнување луксузен ефект. Кој вели дека мора да е Нова година за да се почувствувате магично?

Ќе Ви биде потребно:

– спреј во златна боја
– обични чаши на столче
– лента за сликање
– пластична кеса

Залепете го надворешниот слој на чашата, повеќе од половина. Повлечете ја лентата по страните под мал агол – останатиот дел обвиткајте го во пластична кеса, за да го спречите несаканото распрснување на златната боја. Следен чекор е нанесување на спреот со адекватна далечина, да не ви се разлее бојата по стаклото. Совет: најдобро ќе биде ако овој проект го спроведувате на отворено. Оставете чашите да се исушат пред да ги отстраните лентите.

И… Вашите позлатени чаши за шампањ се готови! Предупредување: не гарантираме за задржување на бојата доколку користите машина за перење садови. Крајниот ефект е: наздравје!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Снешко од чорап
Следна објаваНешто чудно се случува во библиотеките…
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР