Дури и најголемите прават грешки. Не бадијала велат дека е човечки да се греши. Но, најдобар совет е да учите од сопствените и туѓите грешки за да не ги повторите. Ова се неколку кратки љубовни приказни од животот на големите писатели и филозофи од кои може да извлечеме убава поука.

Лав Толстој (1828-1910)

Пред да го кажат судбоносното ,,да” тој и неговата вереница Софија Андреевна Берс, авторот на „Војна и мир“ и ги покажал сите свои дневници на идната сопруга – токму на денот на венчавката. Таа била шокирана кога добила увид во неговото промискуитетно минато, кое вклучувало од проститутки, полови болести па се’ до хомоеротски фантазии. „Мислам дека никогаш не се опоравив од шокот“, напишала подоцна, потсетувајќи се како плачела за цело време на венчавката.

Што можеме да научиме од Толстој:

Искреноста и довербата се важни компоненти на успешен брак.

Мартин Хајдегер (1889-1976)

Хајдегер, инаку оженет професор, често бил во афери со студентките. „Никогаш нема да можеш да бидеш моја ако од сега припаѓаш во мојот живот“, и напишал на својата 18 годишна студентка Хана Арендт откако воделе љубов во шума во близина на факултетот. Неговата жена не била единствена бариера во таа романса – Арендт била еврејка, додека Хејдегер го симпатизирал нацизмот. Нивната афера прекинала откако Хајдегер и помогнал да побегне од земјата во 1933. Арендт подоцна јавно го бранела од критиките за неговото нацистичко минато. Таа била убедена дека е љубовта на неговиот живот. Во меѓувреме, Хајдегер останал во брак до својата смрт во 1976 година.

Што можеме да научиме од Хајдегер:

Ако е оженет, односно вели дека ќе ја остави жената заради вас, но му е потребно време, најдобро е да побегнете од оваа ситуација што поскоро. Уште попаметно ви е воопшто да не се впуштате во афера со мажи/жени во брак.

Денис Дидерот (1713-1784)

Дидерот не заработувал многу како писател во Франција во 18 век. Кога пријателите му советувале да го напушти градот, тој одбил да ја поведе и жена му со себе , со објаснување дека е прескапо и двајцата да ручаат во фин и скап ресторан. Идните 40 години, госпоѓа Дидерот била дома, јадела сув леб и ја одгледувала нивната ќерка, додека мажот патувал и ја трошел малата заштеда на подароци за љубовниците.

Што можеме да научиме од Дидерот:

Обидете се подобро да ја запознаете личноста со која сте се одлучиле да стапите во брак.

Бертранд Расел (1872-1970)

Во своето дело „Брак и морал“ идеалистичниот филозоф Расел го критикува разводот, тврдејќи дека тоа е пат до распадот на западната цивилизација. По 40 години и 3 разводи, тој ги ублажил своите погледи: „Не знам што да мислам за бракот. Можеби разводот носи помалку несреќа отколку бракот“ запишал. Својата последна 4-та сопруга ја зел за жена на свои 80 години.

Што можеме да научиме од Расел:

Никогаш не велeтe никогаш, а уште помалку немојте да ги осудувате другите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваArmani Exchange | Празнична колекција
Следна објаваПравила на успехот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР