Прво, умирав за да завршам средно и да започнам со студиите,

 потоа умирав да завршам факултет и да започнам да го работам тоа што го сакам,

 потоа умирав да влезам во брачните води и да имам деца,

 потоа умирав за тоа децата да пораснат и да започнат да одат во училиште за јас да се вратам на работа,

 потоа умирав за да се пензионирам.

И сега, јас умирам, и одеднаш разбирам дека сум заборавил да живеам.

Анонимен

До кога ќе живееме за утре? Односно ќе умираме? 

Придобивките за нашиот вид поради развиената свест понекогаш знаат да влијаат кошмарно врз нашата среќа. Убаво е да се планира иднината, да се сонува, да се трча неуморно по амбициите, но секако, до одредена умереност.

Не заборавајте да одвоите неколку мига од денот за својата среќа. Не чекајте го викендот во неделата, не чекајте ги празниците во сезоната, не чекајте го летото во годината. Најдете време за себе, за добра шоља чај, за добра книга, за непроценливи мигови со луѓето кои ги полнат Вашите батерии.

Најдете време за Вашата среќа, бидејќи живееме во живот каде единствено нешто што е загарантирано е смртта. Иако таков, тој е толку убав. Драстично поубав отколку што можеме да си замислиме.

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Чизми над колена
Следна објаваВинтиџ преработки на модерни песни | Postmodern Jukebox
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ