Многу често ни се случува да слушнеме некоја од најактуелните песни на радио и воопшто да не ни се допадне. Обично популарните песни имаат едноставна мелодија и малку текст, а гласовните можности на голем број од сегашните најпопуларни пејачки имиња не се којзнае колку големи. Но, постојат преработки кои комплетно се разликуваат од оригиналите, па кога ги слушаме не ни се верува дека од таква обична песна може да се направи нешто што звучи многу попримамливо и квалитетно.
Вакви преработки на модерни песни прават музичарите од Postmodern Jukebox заедно со нивните гости. Во продолжение слушнете ги винтиџ верзиите на Anaconda од Nicki Minaj, Shake it Off од Taylor Swift и Problem од Ariana Grande. Вистинските љубители на квалитетниот музички израз се желни за ваков стил, се согласувате?