Општо познато е дека сета креативност на планетата Земја не е започната од идеја-никулец во нечија глава: секој еден мотив, момент или сцена е некаде виден, слушнат или прочитан за да биде комбиниран со дополнителен личен печат и историска основа. Со еден обичен brain-storming и користење на широката палета искуства, дури и најнеуметничкото делче на мозаикот може да послужи за адекватна инспирација која сама по себе ќе стане икона. Следниве примери го докажуваат тоа, каде една кампања, една фотографија или масло на платно може да предизвикаат бура на идеи и восхит кај секој оној што ќе ја погледне. Рестравација, позајмување, пресоздавање – одлучете сами дали оригиналот или модерноста победуваат, секој од нив посебен на свој начин.

Во 1952 година, фотографот Richard Avedon ја претстави својата впечатлива Fire and Ice кампања за Revlon, каде рекламата претпоставуваше најнова препорака за нови нијанси бои на кармини, наменети за „жени кои сакаат да флертуваат со оган, а се осмелуваат да чекорат врз мраз“. Со Dorian Leigh во главната улога, истата беше поставена во обид да се спари во 2010 година, каде новата Revlon кампања за нови три нијанси за усни беше претставена Jessica Biel пред објективот на Mario Testino.

1

Познатото дело на Edouard Manet со ручек на тревата, кое дебитираше во 1863 година чии мешани критики од смеа и бес, со наслов Le Bait се трансформираше во модерна алегориска кампања на безброј уметници и фотографи. Еден од нив е и Christian Dior за есен 2013, каде познатата сцена е ре-создадена од страна на данското фото-дуо, Inez van Lamsweerde и Vinoodh Matadin.

2

Експанзивниот опус на Irving Penn е составен од маестрална мода, славни личности и фотографии со мртва природа, кој го гради во седум децении одлична кариера. Највпечатливиот дел на несекојдневна убавина е создаден со 1995 година, каде една пчела лежи врз женски усни – каде истиот мотив е позајмен на усните на Lana Del Rey. Фотографскиот тим Sean+Seng за Interview Russia дозволуваат една пчела да се најде на полните усни на Лана, слично на идејата на Пен.

3

Во 1948 година, познатата фотографија на Cecil Beaton на фустаните со потпис на Charles James, наменета за јунското издание на Vougue – го слави дизајнерот и неговата впечатлива успотреба на бои. Често поврзуван со непредвидлив темперамент и фискална неодговорност, James секогаш бил синоним за современи и историски силуети кои го обележаа 19тиот век. За да се прослави подемот на азиските модели на пистата,  Steven Meisel го пресоздава овој момент во декемвриското издание во 2010, со фотографирање на источната култура во панк варијанта, со моделите Du Juan, Tao Okamoto, Hyun Yi Lee, Hyoni Kang, Liu Wen, Bonnie Chen, So Young Kang и Lily Zhi; секоја од нив, во тоалета на Oscar de la Renta.

4

Возбудливите фотографии на Guy Bourdin со оскудно облечени модели со провокативни пози и средини со поместување на границата на сексуалноста, најчесто се врзани со рекламирање на чевлите на  Charles Jourdan, снимени во периодот 1972-1981 година. Оваа кампања на пар провокативни нозе е превземена од страна на Terry Richardson, чии фотографии се на сметка на брендот чевли Aldo.

5

Наместо да слика митолошка голотија, неокласичниот сликар Ingres во 1813 година егзотично ја претставува својата La Grande Odalisque – овластена од сестрата на Наполеон, односно кралицата на Неапол, Каролин Мурат да стои изложена претставувајќи го богатството, егзотиката и текстилот и додатоци кои потсетуваат на Ориентот. Иако анатомски непропорционално, оваа гола женска силуета е совршено насликана со доза на светлина. Инспириран од порцеланската кожа на Julianne Moore, фотографот Michael Thompson го рекреираше ова историско дело за Vanity Fair, во април 2000 година.

6

 Безвременската убавина на Audrey Hepburn беше запечатена во 1955 година со фотографијата на Norman Parkinson, каде се документираше златното доба на високата мода во неговиот повоен фото-албум. Светло розов дневен фустан и цветна позадина – позајмена за модерната Audrey девојка, Natalie Portman за потребите на Miss Dior Cherie’s 2013 fragrance кампањата. Со повеќе нијанси на розово, Tim Walker ја фотографира оваа убавица за која не е првпат да ја споредуваат со Hepburn.

7

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНауката потврдува: белетристиката е корисна
Следна објаваНаправи сам | Поинакви дрвени закачалки
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР