Познато ни е дека јазикот е составен дел од работата на човечкиот мозок и перцепцијата за светот околу него – зборовите се начинот на кој комуницираме едни со други, додека процесот на мисли е комуникација со самите себе. И многу луѓе: од Вашиот професор по литература до Вашата роднина која ги препрочитува книгите ќе Ви кажат дека книгите може да Ве направат подобри луѓе. Сега, науката може комотно да го потврди истото.

.1.

Joshua Landy, професор на Стенфорд, направил неколку истражувања кои тргнуваат од општата претпоставка дека читањето белетристика всушност, не ја зајакнува интелигенцијата или емоционалноста, односно моралноста или знаењето – но, тврди дека белетристиката е одлична вежба за Вашите ментални вештини. Не само во смисла дека го зајакнуваат Вашиот вокабулар (или во меѓувреме, што одредени протагонисти јадат за појадок и нивните размисли за мртвата мачка на соседот додека трае појадокот), но во суштина, тоа е начин на протегање на Вашите мозочни клетки да бидат подложни на логика, достигнувајќи подобро разбирање на метафората и компарацијата, па дури и постигнување на мир врз умот.

Во рамките на делата на познатиот ирски писател Бекет, професорот Landy најде начин за постигнување мир на умот: општата идеја е дека „одредени филозофски прашања на свој начин ги мачат луѓето“. Бидејќи тие не можат да се решат, Вие би требало да најдете начин за да ги отфрлите од Вашиот ум, бидејќи Ви предизвикуваат немир. Од страна на систематскиот натпревар на хипотези, Бекет го вози читателот надвор од надежта одредени решенија за одредени проблеми воопшто да се случат. Можеби дури и повеќе од интересно, Landy вели дека можеме најдобро да се фокусираме на потенцијалните придобивки од читањето преку модел на книжевна интерпретација, како што вели тој – „потрага по пораката“.

Имено, наместо да се троши време да откривање на скриено значење на даден текст или да се трудиме да дознаеме „што сака да каже писателот“, како што обично професорите по литература даваат за задача; читателите може да читаат бавно, да ги прегледуваат пасусите и да размислуваат за идеи помеѓу читателските паузи и повторно да прочитаат одреден пасус, доколку е потребно. Тоа е процес кој се нарекува „читање за задоволство, со акцент на откривањето“.

Неодамна, еден извештај во New York Times откри дека можната функција на невроните во чинот на читање теми кои Ви се интересни – да речеме, адреналинско полетување на авион, сензорен опис од типот на мирисот на чад, каде практично читателот во чувствува мирисот на чад во својот мозок. На кратко, New York Times тврди дека „мозокот не прави разлика дали нештото реално се случува или само се чита за истото“.

.2.

Ниту едно од овие истражувања не се нужна вест или факт кој ќе ги редефинира нештата, но тука лежи неискажаниот квалитет на книгите, какви белези оставаат врз нашите животи кои науката допрва ќе треба да ги објасни. Читателите не се навраќаат на добрите стари книги поради „тренирањето ментални способности“, како што истражувањата велат – тие повторно ги читаат своите омилени книги и откриваат нови и нови поради чувството на откривање нови светови во светот кој не секогаш ги цени книгите на соодветен начин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТаинствената водена убавица | Венеција
Следна објаваПресоздавање иконски моменти
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР