Дали сте фан на реупотребата на старата облека? Дали сакате да влезете во улога на сам-свој-креатор? Денес Ви предлагаме Направи сам марама, која е совршено лесна за изработка и совршено нослива за секаква прилика! И, дали изумивме да Ви кажеме дека не е потребно ништо да шиете?

1

Што Ви е потребно?
– стара маица (што поголем број, тоа подобро)
– ножици
– линијар
– 10 минути :)

3

1. Започнете со мерење на маицата и обележете по 1 см на линијарот. 2. Внимателно сечете по обележаните мерки, и запомнете дека што повеќе ленти, толку побогата Вашата марама ќе изгледа. 3. Потребни Ви се обете раце за да ги истегнете лентите кои ги исековте. 4. Дното од маицата (делот со двоен шев) ќе го искористите за да ги споите лентите. 5. Вртете ја таа лента се’ додека истата не е доволно цврста и 6. врзете ја како спојка.
7. Ви честитаме на изработката!

2

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКога си мал…
Следна објаваIdeas Books | Мерилин, Агаси и Елвис
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР