Кога си мал, сонуваш да пораснеш… а кога тоа ќе се случи, го бараш детството назад.

Кога си мал, сакаш да бидеш доктор или пилот… но, со текот на времето повеќето завршуваат на работно место кое дотогаш не можеле ниту да си го замислат.

Кога си мал, веруваш во вистинска љубов (иако не знаеш што значи тоа)… но, како што времето минува, барем еднаш се разочаруваш.

Кога си мал, мислиш дека чудовиштата се кријат во плакарот… подоцна се случува истите тие чудовишта да се преселиле позади шалтерот. И дека плакарот е всушност, многу безбедно место.

Кога си мал, веруваш во бајки… но, сфаќаш дека познатото „среќно до крајот на животот“ не постои. Животот не е бајка.

Кога си мал, со пластичен меч може да го освоиш светот… како што растеш, увидуваш дека и дипломата не ти е доволна за да освоиш едно интервју за работа.

Кога си мал, мислиш дека светот е огромен… а потоа сфаќаш колку е мал.

Кога си мал, се радуваш на малите нешта и насмевката ти е секојдневие… како возрасен бараш повеќе, сакаш повеќе и забораваш да се смееш.

Кога си мал, веруваш секому… но, животот те учи дека тоа е неверојатен луксуз кој не можеш да си го дозволиш.

Кога си мал, мислиш дека твоите родители се твои херои… иако го напушташ тој став во младоста, на крајот умееш да сфатиш дека нема ништо поубаво од тоа да си херој на сопственото дете. И дека твоите родители останале твои херои.

Кога си мал, одбиваш да спиеш попладне… а сега, спиеш и во градски автобуси.

Кога си мал, најголем успех е да добиеш петка на рачето… а реално, после се’, најголем успех е да останеш човек.

Кога си мал – ти всушност си голем. Детската невиност, искреност и поглед на светот те прави најголем човек на светот.

Со душа на дете, човекот останува човек. Негувајте го детето во Вас.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНазад од мртвите | Класичните автори на Instagram
Следна објаваНаправи сам | Марама во ленти
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР