Направи сам | Книги во повез од лен

Се сеќавате кога наставниците во основно училиште ни вршеа притисок да си ги завиткаме книгите? Па си дозволувавме креативноста да ги запоседне клупите додека интересните тапети не станеа здодевни во текот на една учебна година. Денешниот проект е пософистицирана верзија на истиот тој притисок, но овојпат е оставен на Вашиот избор. Започнете со селекција на книги со (уништен или на раб од уништување) тврд повез и многу, многу добра волја.

Потребно е:

  • материјал
  • лепило
  • скалпел

Користете лепило преку целата површина и рабовите, додека свиткувањето на аглите мора да го направите навистина внимателно. Исечете две ленти кои ќе ги залепите долж ’рбетот на книгата. Остранете го вишокот материјал и уживајте во она што го создадовте. Текстурата навистина прави разлика, нели? Па дури и со мохохроматски изглед ќе добиете примат на една боја и избор на текстил кој ќе им пружи нов живот на Вашите книги. Точно е, покривањето на саканите предмети го продолжува нивниот животен рок: овој пат, препуштете се на личната сатисфакција на Вашето ново винтиџ ремек-дело сместено во Вашата библиотека.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ