Откријте го неверојатно значењето на боите што ги носите секој ден …

Како што впечатливите модни додатоци и накит можат да го означат вашиот личен стил и вкус, така и боите имаат моќ да го претстават вашето расположение или во потполност да го сменат.

На боите треба да гледате како детаљ, со кој можете суптилно да ја претставите вашата моментална состојба или потсвесно да ги поканите луѓето да размислуваат за вас на позитивен начин. Погледнете какви значења ги имаат следните бои …

Црвена – самодоверба
Впечатлива, енергична и боја која им стои на сите е бојата на сезоната – црвената. Се базира на силата, енергијата и страста и одлично изгледа како на фустани, така и на накити. Сфатете ја како мал глас на самодоверба што секогаш ќе биде со вас.

Среќа – жолто-портокалова

Ова е забавна нијанса, за која се докажа дека го зголемува притисокот и пулсот како кога сте задоволни и расположени. Тоа го означува оптимизмот, топлината и надежта. Во оваа нијанса, најдобро е да изберете џемпер или ролка.

Богатство – смарагдно зелена

Според модната куќа Гучи, дезените и боите на седумдесеттите се “хит” оваа сезона. Ова е особено точно за смарагдно-зелената нијанса, која ја претставува природата. Колку е побогата и посилна нејзината нијанса, толку повеќе го означува богатството. Носете ја како сомотско палто и ќе изгледате вистинска дама си стил.

Пристапност – милениумска розева

Вистината е, дека беше најпопуларна боја во летната сезона. Од една страна, може да се нарече боја за млади девојки, а од друга страна, розовата нијанса е сестрана и има големо влијание. Во секој случај, претставува љубов кон блиските и достапност.

Пудресто сина – смирува

Сината боја се поврзува со небото и водата, па логично е таа да се смета за нијанса што смирува. Покрај тоа, за неа се врзува и друга доблест – доверба. Значи, таа е одличен избор за облека кога одите на интервју за работа или на бизнис презентација, вечера и многу повеќе.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШармантна викендица во Канада!
Следна објаваНовата боја за 2018 ја ја рефлектира оригиналноста, интегритетот и визионерскиот дух!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР