SPRINGFIELD го претставува новиот моден филм во кој можеме да го откриеме секојдневниот живот на актерот Мигел Анхел Силвестер познат по своите улоги во сериите Sense8 и Narcos, кој заедно со актерката Андреа Молина ги претставуваат клучните парчиња за сезоната.

„A Common Life“ – секојдневниот живот е мотото на кампањата за оваа сезона каде што се претставува автентичноста на секоја индивидуа, спонтаноста и едноставноста, вредности кои се дел од ДНК на брендот. Преку модното видео во кое се претставени секојдневни ситуации со кои секој може да се идентификува, заедно со бренд-амбасадорите Мигел Анхел и Андреа откриваме како да го направиме секој момент уникатен.

Мигел Анхел прикажува спонтан и слободен пристап во модерен и тренди изглед, но ја прикажува и сензитивната страна, близината која ја негува со своите најдраги, без разлика на интернационалната слава и признаеност. Покрај него, Андреа ја претставува типичната Springfield девојка – природна и забавна, давајќи свежина, едноставност и младешки дух на кампањата.

„Навистина сум среќен што сум дел од Springfield фамилијата. Кампањата е внимателно изработена и јас сум восхитен од резултатот“ – изјави Мигел Анхел Силвестер, а на тоа Андреа Молина додаде: „За мене претставува вистинско задоволство што Springfield ми веруваше и ме одбра за оваа кампања. Навистина се идентификувам со пораката која се пренесува преку кампањата“.

Машка колекција

Линијата се издвојува со удобни и едноставни парчиња за секој ден – чино-панталони , „Оксфорд“ кошули и дебели џемпери кои ќе ве затоплат во зима. За оваа сезона клучните парчиња се наоѓаат во облеката за надвор – парки, јакни со детали од руво, еднобојни палта или со принт, а повторно во тренд се и „монтките“ кои се достапни во повеќе бои.

Релаксиран и лежерен дух

Задржувајќи ја лежерноста како есенцијална вредност во зимската колекција, ги издвојуваме плетените парчиња во шарени бои. Џемперите, чино-панталоните, Оксфорд кошулите и џинс моделите се клучни парчиња кои се удобни и едноставни во неформален секојдневен изглед кој овозможува различни комбинации.

 

Daily Smart – најурбаниот стил

Лежерна колекција со доза на елегантност. Поформална линија, но истовермено тренди во која што преовладуваат сивите нијанси, како и кремастите и костенливи тонови. Карирани панталони и палта, волнени детали на „бомбер“ јакните, џемпери во различни дебелини и шари и јакни со две лица се дел од парчињата кои ги предлага Springfield  за секојдневната рутина на работа. Од понеделник до петок уживајте во комбинациите кои лесно се адаптираат на секој стил.

Женска колекција

Многу женствена колекција во која се издвојуваат плетените парчиња, „моторџиските“ јакни и џемперите. Везените елементите и флорални принтови на фустаните, фармерките и џемперите, како и на блузите и кошулите ќе направат да се издвоите од останатите. Колекцијата Daily Smart нуди и формални парчиња за секој ден.

Блузи, плетени џемпери и џинс за урбано секојдневие

Нов и обновен класичен изглед за секој ден – фармерки и блузи со везени детали и волумен во ракавите, како и плетени џемпери и „моторџиски“ јакни со детали од руво и превртена кожа. Клучен елемент за сезоната се зимските мотиви на парчињата.

Фустани: тренд парче за оваа зима

Фустаните се главен дел од предлозите на Springfield за оваа сезона. Преовладуваат модели со принтови и везени елементи, со фалти и едноставни материјали кои даваат лежерен и шик изглед на секоја комбинација. За боемски стил одлучете се за фустани со цветови и истите искомбинирајте ги со јакни во темни нијанси кои истовремено се топли, удобни и тренди.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДенис Чемберс со формацијата „Trace elements“ вечерва во Станица 26
Следна објаваКадифена револуција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР