Го сакале или не, неговото величество кралот-кадифе се врати на голема врата меѓу материјалите. Апсолутно владее на модните писти и по улиците.

Играта на кадифето, кое доминираше во модата на 70-тите и 80-тите години на минатиот век, се пресели од луксузните јакни, на други пачиња за облекување и модни додатоци. Значи кадифето, сега е застапено на обувки, јакни, џемпери, дуксери, чанти и др. Судејќи по фотографиите, кадифето може да се носи во формални и помалку формални прилики.

Кадифе, плиш, сомот, самт и велвет се имињата за ткаенината која нема мазна површина, туку е “чупкаста” структура и е многу пријатна на допир. Кадифената облека во минатото, се сметаше за луксузна. Може да се направи од повеќе материјали. Најдоброто кадифе е од свила, а синтетичкото кадифе е изработено од вештачки влакна или од комбинација на природни и вештачки материјали.

Светските брендови кои создаваат трендови и луксузна облеки за мажи, го вратија  кадифето, а тука се и предлозите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМигел Анхел Силвестер и Андреа Молина – бренд-амбасадори на SPRINGFIELD
Следна објаваЗимзелена празнична декорација во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР