Ова е време, кога можете да одберете облека во богатите нијанси на виното.
Прекрасната бордо боја стана вистински хит и секоја есенска сезоната повторно оживува. Оваа боја, всушност е актуелна секоја сезона, со тоа што дизајнерите ја претставуваат во различна варијанта, секоја сезона. Ајде да се потсетиме дека Institut Pantone и оваа година ја вклучи “бојата на виното” како трендовска боја за 2017 година. Тие ја избраа нијансата “Tawny Port”.
Богата, заситена и раскошна, оваа боја е идеална за создавање на есенски моден стил. Оваа боја подеднакво добро изгледа на кожа, волна или на топлиот кашмир.
Одвоивме повеќе модни стилови за вас во боја на бургунди, кои ќе ве инспирираат да креирате сопствен есенски изглед.