ОВЕН

Работа – Оваа недела сте малку загрижени за плановите кои не се движат во вистинска насока како што планиравте. Време е да бидете отворени со себе и да размислите што всушност сакате од кариерата.

Љубов – На љубовен план, добро ви оди оваа недела. Работите конечно дојдоа во нормала и сега можете на мир да уживате со партнерот.

Здравје – Повеќе одмарајте оваа недела.

БИК

Работа – Ѕвездите ви се повеќе од поволни овие денови, барем што се однесува до бизнис плановите. Продолжете во иста насока, затоа што се добро ви оди. Внимавајте на финансиите, трошите побрзо отколку што тоа инаку го правите.

Љубов – Во вашиот жиот влегува нова, интересна и шармантна личност на која не можете да и одолеете.

Здравје – Повеќе вежбајте и внимавајте на здравјето.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Стресниот период помина и конечно можете малку да се да се одморите оваа недела. Повеќе не се нервирајте за глупости, се на крајот испадна добро. Време е за нови планови.

Љубов – Страстите се смирија и вие сега одмарате сами, но и со партнерот.

Здравје – Не се нервирајте, нема потреба од тоа.

РАК

Работа – Уште една недела полна со нервоза, но вашиот хумор дури и во најтешките моменти не ве напушта. Оптимизмот ве води кон победа и овој пат.

Љубов – Потребно ви е малку време, за повторно да бидете свои, и повторно да го освоите партнерот, пријателите и луѓето кои ви значат.

Здравје – намалете ја нервозата.

ЛАВ

Работа – Доминирате на работа, но тоа на соработниците не им се допаѓа. Тие би сакале да сте помалку успешни, а ќе се обидат на сите начини да ве саботираат, затоа внимавајте повеќе.

Љубов – Партнерот и овој пат ви е најголемата и најсилната подршка. Без втората половина не бисте знаеле како би ги надминале тешките денови.

Здравје – Повеќе одмор и сон.

ДЕВИЦА

Работа – Ве исцрпува напорната работа, потребен ви е одмор или патување. Планирајте подолго патување сами или со најблиските, за да се одморите од работата.

Љубов – Партнерот го мачат проблеми, а сето тоа влијае и на вас. Затоа одморот и разговорот се најдоброто решение.

Здравје – Добро се чувствувате.

ВАГА

Работа – Очекувајте нови финансиски успеси, за кои што никогаш не сте ни сонувале, дека ќе ви се случат токму сега. Најдобрите работи ви се случуваат тогаш, кога најмалку ги очекувате.

Љубов – И во оваа недела ќе настојувате да покажете дека имате емоции, иако понекогаш се криете под оклоп и ги криете чувствата за блиските луѓе.

Здравје – Подобрување на здравствената сосотојба.

ШКОРПИЈА

Работа – Не можевте да ги предвидите овие финансиски непријатности. Вие знаете дека сè ќе биде во ред, но овој период е секако тежок за вас.

Љубов – Место за одмор со партнерот, е тоа што го посакувате оваа недела, а како што велат ѕвездите тоа и ќе се реализира. Дом, одмор и љубов, ви се повеќе од потребни, затоа што на работа не ви цветаат рози.

Здравје – Намалете ја нервозата.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Целта е постигната, сега уживајте во тоа. По паузата, би било добро да се фокусирате повеќе на нови планови, затоа што сега тука, го достигнавте максимумот на деловен план.

Љубов – Љубовта и понатаму ви цвета, па така нека остане и во иднина. Романтика за двајца, ве чека оваа недела.

Здравје – Повеќе вежбајте.

ЈАРЕЦ

Работа – Вие сте секогаш таа личност која ги решава проблемите, па тоа и сега се очекува од вас. Не знаете кому да му верувате, така што секогаш сами се ќе сторите, од колку да се потпрете на другите.

Љубов – Оставате се да си оди по својот тек, затоа што сметате дека така е најдобро, се да и се препушти на судбината и на случајот.

Здравје – Можна несоница, повеќе одмарајте.

ВОДОЛИЈА

Работа – Кој не ризикува тој не добива. Вашата финансиска ситуација е поволна, затоа можете да ризикувате. Време е да ги покажете вашите претприемачки способности.

Љубов – Имате поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема разбирање. Во љубовта не ви оди оваа недела.

Здравје – Болки во грбот.

РИБИ

Работа – Деловните планови ви одат од рака оваа недела, а тоа се одразува и на вашата финансиска состојба. Време е и на вас да ви тргне работата, што се случува токму сега.

Љубов – Депресивни и емотивно несредени. На љубовен план не ви цветаат рози. Секому тоа може да му се случи.

Здравје – Можна нервоза и стрес.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали сте спремни за новиот BMW i8 Roadster!
Следна објаваAnna Wintour, Rihanna и Naomi Campbell во дикументарниот филм за Manolu Blahnik!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР