Mесец мај е познат по оддржувањето на матурските и апсолвентските прослави, а тие пригоди налагаат одреден изглед и кодекс на облекување. За ваквите свечености одвоивме неколку парчиња со кои ќе бидете забележани и запаметени.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-001.jpg

GUESS

Црната боја е секогаш правилен избор кога се во прашање свечените настани. Ќе изгледате елегантно дури и во фустан со едноставен крој.

Малиот црн фустан – безвременско парче кое мора да има место во вашиот плакар. Проѕирни материјали, златни детали, без или со ракави, на едно рамо, металик сјај – разновидни фустани за секаков тип на девојки со различен стил!

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-1.png

REPLAY и SCOTCH&SODA

Изгледот за момците секогаш вклучува сако и кошула, но одлучете се овие парчиња да бидат во посмели бои и шари. Цветните мотиви се идеални за овој период, а Replay ги има најинтересните дезени. Комбинирајте ги со едноставни чино-панталони – ова парче никогаш не излегува од мода. Дизајнот и стилот на палтата од Scotch&Soda е безвременски и секогаш е надополнет со шик модни додатоци како џебно марамче или украс на реверот, со кое ќе се издвоите од останатите.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-2.jpg

Чевли од BATA

Најчесто чевлите на високи потпетици кои најмногу ни се допаѓаат и кои се најуникатни се неудобни, но тоа веќе не е проблем со моделите на Bata. Благодарение на Insolia технологијата ќе имате подобро држење на телото, распределување на тежината на целото стапало, баланс, а што е најважно, истите ќе можете да ги носите три до четири пати подолго од вообичаено и безгрижно да играте на подиум.

Од колекцијата со оваа технологија можете да најдете голем избор на обувки – сандали, обувки на платформа, „стилето“ обувки и други модели за секој тип на девојка и секаков стил на облека. За матурската прослава одлучете се за некој посвечен модел на сандали со златест или среберен сјај. Моделите во пастелни нијанси се неизбежни оваа сезона.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-3.jpg

Момците никогаш нема да погрешат во изборот на Дерби чевли или „Оксфордки“. Bata ги има најстилските и најмодерни италијански модели, кои сигурно ќе ја разубаваат и ќе ја направат поелегантна комбинацијата. Одлучете се за чевли со „брог“ дезен за да добиете ретро-шмек. Мокасините и поелегантните патики се иделани доколку се одлучите за полежерна комбинација, но во која истовремено ќе бидете впечатливи.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-4.jpg

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни сирени
Следна објаваПогледнете како изгледа најскапата куќа во Беверли Хилс
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ